Нови 726 случаи на Ковид-19, починати седум лица

Нови 726 случаи на Ковид -19 се регистрирани во изминатото деноноќие од направени 3.144 тестирања. Починати се седум лица, а оздравени 368 пациенти. Најголем број од новозаболените повторно се во Скопје -367 по што следуваат Прилеп со 53, Куманово – 34, Неготино – 29, Кавадарци – 26, Битола – 25, Охрид – 23, Крива Паланка – 21, Велес – 18, Тетово – 17, Гевгелија – 14, Гостивар – 12 и Кочани со 10 нови случаи. Во останатите градови евидентирани се едноцифрен број на новозаболени.

Од починатите, двајца се од Скопје (77  и 74 години) и двајца од Кичево (71, 51), и по еден пациент од Битола (72), Неготино (67) и Кавадарци (64). Шест од пациентите се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 526.870 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, бројката на оздравени е 91.875, а на починати е 3.151. Бројот на активни случаи изнесува 8.720.

Дистрибуцијата по градови во однос на заболените и активни случаи е следна:

Скопје 367, активни 3930

Куманово 34, активни 312

Тетово 17, активни 300

Прилеп 53, активни 650

Гостивар 12, активни 160

Штип 9, активни 123

Велес 18, активни 261

Битола 25, активни 188

Кавадарци 26, активни 629

Охрид 23, активни 438

Струмица 5, активни 184

Струга 9, активни 185

Кочани 10, активни 81

Кичево 4, активни 69

Неготино 29, активни 244

Гевгелија 14, активни 191

Свети Николе 3, активни 25

Крива Паланка 21, активни 102

Ресен 3, активни 61

Дебар – активни 40

Радовиш  – активни 22

Делчево 2 , активни182

Берово 5, активни 30

Пробиштип 8, активни 30

Виница 2, активни 27

Валандово 2, активни 27

Крушево 5, активни 75

Кратово 5, активни 32

Богданци 2, активни 47

Демир Хисар 5 , активни20

Македонски Брод 1, активни 8

Демир Капија 7, активни 39

Македонска Каменица  – активни 3

Пехчево  – активни 4

Дојран  – активни 1. /

MИА

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести