
-Во нашата земја има многу примери за успешни приказни во бизнисот со земјоделско производство. Таков е примерот на компанијата „Везе Шари“, чија приказна започна во 2000 година и е успешна до денес. Од мала фарма за пилиња до кокошки несилки, денес оваа компанија има широка дистрибутивна мрежа, извезува јајца во земјите на ЕУ и за воените сили на НАТО.

Со текот на годините, компанијата се развиваше во континуитет и ја прошири својата активност со уште две други компании: преработувачкиот капацитет „Лекер“ наменет за производство на производи од пилешко месо и „Електро Шари“ – компанија за производство на биогас и електрична енергија.

Денес ги посетив сите три капацитети на компанијата. Тие се потврда дека со добра идеја, желба и добра посветеност може да се изгради успешен бизнис. Нивната приказна нека биде мотив за сите млади луѓе кои сакаат да работат во земјоделскиот сектор.

Ваквите примери се мотив и за мене, па преку мојата работа и посветеност да имаме многу повеќе успешни приказни како приказната на компанијата „Везе Шари“ – напиша министерот Хоџа на својот фејсбук-профил.



Извор: Агротим.мк
]]>


