Остин во писмото се заблагодарува на честитката за неговото именување на функцијата секретар за одбрана.
Оддавајќи признание за нашето плодно 28-годишно партнерство со Националната гарда на Вермонт, секретарот за одбрана Остин го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка во одбраната меѓу Северна Македонија и САД.
-Овој Меморандум ќе ги прошири областите на нашата билатерална соработка и ќе биде поддршка на Северна Македонија на патот кон исполнувањето на своите цели како што е развивањето на Лесната пешадиска баталјонска група, се вели во писмото.
Изразувајќи очекување за продлабочување на соработката во 2021 преку активности како што е и американското учество на вежбата „Одлучен удар 21“ чиј домаќин ќе биде нашата земја, секретарот за одбрана високо ја оценува иницијативата Криволак да го развиваме во полигон за поголеми и посложени вежби од кои ќе имаат бенефит нашите армиски сили, но и сојузниците, САД и НАТО.
MИА
]]>


