Како што вели, станал популарен преку ноќ, затоа што јавноста се интересирала кој е првиот човек во Србија, заразен со Ковид 19. На никој не му е потребна таквата популарност, вели тој, но признава има и само една добра работа во сето тоа, а тоа е што можел да ги сподели своите искуства со другите кога бројот на пациенти започнал вртоглаво да расте.
-Никому не му е потребна таквата популарност, но единствената добра работа е што ги споделував моите искуства со другите кога бројот на пациенти започна нагло да расте. Иако ја преживеав агонијата, сега, по толку време, можам да кажам дека сум добар. По излегувањето од болницата, бев многу слаб и уморен и ми требаа неколку месеци за целосна регенерација на белите дробови поради силното воспаление што го имав. Медицинскиот персонал навистина вложи максимални напори да ми го спаси животот, а тие тоа се уште и го прават за сите други болни пациенти – изјавил Чантар.
Тој раскажа дека во болница бил вкупно 24 дена, од кои најтешките седум биле на интензивна нега.
-Никогаш нема да ги заборавам тие лоши сцени, постојано ми се мотаат во глава. Лежам сам и не знам дали ќе прежиевам… А околу мене луѓе чија состојба се влошува, умираат… Верувајте ми, ковидот е сериозен противник и не смееме да го потценуваме и сега, вели Игор.
Минатата недела Игор бил на конрола.
„Сè уште имам доволен број антитела, но штом ќе биде потребно, веднаш ќе се вакциниран против Ковид 19“, вели Игор.
На Игор коронавирусот му беше потврден на 6 март, минатата година и речиси цел месец ја водеше борбата за живот во Клиничкиот центар на Војводина.
]]>


