„Заклучивме дека вакцината е безбедна и ефикасна. Не предизвикува тромб. Препорачуваме можните несакани ефекти да бидат појасно прецизирани и посочени и ќе иницираме дополнителни истраги за таквите ретки случаи. Со оваа вакцина се вакцинирани околу 7 милиони луѓе земјите од ЕУ, а 11 милиони во Велика Британија – беше истакнато на прес-конференцијата.
-Ние сме свесни дека некои земји престанаа со вакцинирање со оваа вакцина и мора детално да се проучат сите докази. Кога вакцинирате милиони луѓе, неизбежни се некои сериозни несакани ефекти. Наша задача е да спроведеме истрага и итно испитување на сите можни докази и документи. Денешниот заклучок ни овозможува да ја продолжиме кампањата за вакцинација и граѓаните на ЕУ секогаш да бидат информирани за сè – посочија од ЕМА.
Одборот на ЕМА денеска одржа вонреден состанок откако неколку држави престанаа со вакцинирање со вакцината на „АстраЗенека“ поради можноста од несакани ефекти со сериозни последици.
]]>


