Рашковски за предистрагата на ОЈО: Само преку институциите ќе се дознае вистината

Откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка за набавката на софтверот што го го купил Драги Рашковски од позиција на генерален секретар на Владата, се огласи и самиот тој.

Рашковски во кратка изјава за Сител вели дека единствениот начин е вистината да се дознае преку институциите.

-Единствен исправен начин за дознавање на вистината е преку институциите. Така што, треба да ги оставиме институциите да си ја вршат надлежноста, кратко изјави Рашковски.

Од Владата велат дека токму таа ги охрабрила институциите да го проверат случајот.

-Владата работи по највисоките професионални, правни, етички и законски постапки и нема да дозволи нарушување на ваквите стандарди за отчетност и транспарентност. Затоа, веќе упативме повик и ги охрабруваме надлежните институции да ги спроведат сите постапки и да утврдат дали при набавката на овој софтвер се прекршени какви било процедури, правила, стандарди или е нарушен принципот на избегнување конфликт на интерес, велат од Владата.

Рашковски од позиција на генерален секретар за 81.000 евра набавил софтвер за потребите на МВР, а полицијата воопшто не знаела дека тој е набавен. Тој и самиот е автор на сличен таков софтвер за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“.

]]>

Најчитани вести