Млада девојка сакала да скокне од петтиот кат од зграда во скопски Карпош, но специјалци ја спречија во намерата.
Тие со јажиња од горниот кат се спуштија и ја затворија терасата.
Од противпожарната единица, пак, информираа дека за случајот пријавиле соседите околу 12.30 и дека девојка е качена на балкон со намера да скокне.
Тие веднаш дошле на местото на настанот и поставиле безбедносен душек.
Но, потоа интервентната полиција ја презела акцијата, со јажиња се качиле на горниот кат и ја затвориле излезната врата од балконот на долниот кат каде што била девојката.
Извор: Фокус
]]>


