Поранешниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев ја одби понудата за ТВ дуел од страна на Драги Рашковски, но изјави дека е подготвен да сведочи пред институциите за набавката на софтверот.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се огласи дека го прифаќа предизвикот за ТВ дуел, на дебата во живо за сомнителната набавка на софтверот како и за други актуелни теми.
Понудата ја прифати партискиот портпарол Наум Стоиковски.
]]>


