Вицепремиерот Љупчо Николовски денеска, по новинарско прашање, потврди дека бил на одмор во Дубаи.
Тој вели дека има законско право на одмор и дека патувањето било поради работни состаноци на неговата сопруга.
„Три дена одмор после 16 часа работа на ден за граѓаните и за државата, чесно е и искрено да ѝ ги посветам на сопругата. Можеби од оваа временска дистанца е направена грешка што е избран Дубаи, но и не беше целосно одмор туку сопругата, која работи за странска компанија, имаше и работни состаноци. А, за платата што ја добивам имам право на 16 часа работа, но и право три дена во годината да искористам за одмор“, посочи Николовски.
Тој додаде и дека не се вакцинирал против ковид-19.
]]>


