Во последните 24 часа се регистрирани 627 нови случаи на Ковид-19, 47 починати и 765 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Како што посочуваат од Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 2.865 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во Скопје – 218, Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Кичево – по 15, Кочани – 13, Гевгелија – 12, Свети Николе и Берово – по девет, Струга – осум, Дебар – седум, Ресен и Виница – по шест, Валандово – пет, Неготино, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по четири, Крива Паланка, Кратово и Македонски Брод – по три, Богданци и Македонска Каменица – по две лица.
Пријавени се вкупно 47 починати лица: 22 од Скопје (45г, 52г , 57г, 58г, 60г, 61г, 62г, 63г, 63г, 65г, 68г, 68г, 69г, 76г, 77г, 81г, 82г, 82г, 82г, 82г, 83г и 89г), тројца починати лица од Берово (71г, 72г, и 78г), по двајца од Кавадарци (61г, и 82г), Битола (53г и 73г), Прилеп (58г и 78г), Куманово (45г и 66г), Тетово (72г и 78г), Радовиш (60г и 70г), Струга (68г и 92г) и Охрид (49г и 72г) и по едно лице е пријавено од Велес (83г), Неготино (80г), Штип (83г), Струмица (79г), Кочани (44г) и Кичево (70г). Од починатите пациенти, три се починати во домашни услови, а останатите 44 лица во болнички услови. Во соопштението од Министерството за здравство се посочува дека 15 од наведените лица се починати во текот на март месец во една приватна клиника, а оти се пријавени денеска.
Регистрирани се 765 оздравени пациенти и тоа Скопје – 387, Кавадарци – 57, Битола – 50, Прилеп – 37, Куманово – 35, Велес – 30, Неготино – 25, Тетово – 22, Штип – 17, Кочани – 16, Ресен – 12, Гостивар – 11, Струмица – 10, Гевгелија – осум, Радовиш и Демир Капија – по седум, Крива Паланка – шест, Кичево, Свети Николе и Берово – по четири, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по три, Македонски Брод – двајца, Струга, Виница, Пехчево, Кратово и Крушево – по еден.
Во изминатите 24 часа се направени 2.865 тестови преку: ИЈЗ-558, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-66, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-11, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-14, Институт за микробиологија–70, МАНУ-108, Жан Митрев (Филип Втори)-141, Авицена-254, Биотек-236, Систина-181, лабораторија Лаор-209, Синлаб – 57, Ремедика-47, Плодност – 62, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 778.
Досега во земјата се направени вкупно 698.132 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556, а бројот на активни случаи изнесува 18.469.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 65884, активни 8209
Куманово 8184, активни 1200
Прилеп 7981, активни 901
Тетово 6965, активни 651
Битола 5878, активни 1225
Велес 5261, активни 667
Гостивар 5035, активни 462
Кавадарци 5035, активни 469
Штип 4788, активни 457
Охрид 4757, активни 890
Струмица 3837, активни 543
Струга 2887, активни 263
Кочани 2618, активни 290
Кичево 2377, активни 294
Гевгелија 2143, активни 324
Неготино 2122, активни 223
Свети Николе 1452, активни 153
Крива Паланка 1187, активни 87
Ресен 1176, активни 206
Радовиш 1051, активни 124
Берово 979, активни 63
Делчево 936, активни 102
Дебар 918, активни 61
Пробиштип 757, активни 39
Виница 754, активни 111
Валандово 642, активни 96
Богданци 475, активни 72
Крушево 461, активни 102
Демир Капија 392, активни 31
Демир Хисар 366, активни 58
Кратово 354, активни 17
Македонски Брод 351, активни 31
Пехчево 256, активни 20
Македонска Каменица 227, активни 14
Дојран 132, активни 14.
МИА
]]>


