Од вчера попладне Рашковски и управителот на Инвока Даниел Станчев се во притвор во Шутка, ама нивните потписи стојат заедно и на договорот од 12-ти август лани, кога го парафирале договорот за одржување на електронскиот систем за државни испити во 13 институции. Договорот е во висина од околу 150 илјади евра за две години, а потпишан е само 18 дена пред изборот на вториот кабинет на Заев. Преку него се обезбедува системско одржување за државни тестирања за лиценци во 6 министерства, меѓу кои МВР и правда), во Катастарот, во Инспекцискиот совет односно во сите државни инспекторати, во Царината, во Комисијата за хартии од вредност, во две агенции за супервизија и во Академијата за судии и обвинители. За сите нив Рашковски пред да замине им обезбедил одржување на системите за лиценци иако имало институции кои и не го барале тоа.
Повеќе на линкот: Телма
]]>


