Според „Дејли телеграф“, церемонијата се случила само неколку дена откако парот им испратил покани на членовите на нивните семејства и пријателите за свадбена прослава што планираат да ја одржат на 30 јули следната година. Даунинг стрит одби да ја коментира церемонијата, а Телеграф дознава дека голем број врвни владини претставници и блиски соработници на Џонсон не ни знаеле што се случува сè додека не виделе на вестите во локалните медиуми.
Парот се вери на крајот на 2019 година, но британскиот премиер во неколку наврати одби да каже дали имаат намера да се венчаат. Последен пат го избегна одговорот на ова прашање во март кога го прашаа дали планира свадба: – Венчавките сигурно ќе се вратат со голем интензитет, заедно со другите сектори на нашата економија, одговори тој енигматично.
Како што откри извор за „Сан“, катедралата била затворена половина час во вчера попладне за да се одржи церемонијата.
Поради пандемијата на коронавирусот, во Англија моментално важи забраната за собирање над 30 лица на свадби, кои Борис и Кери ги испочитувале, а поради тајноста на церемонијата гостите биле поканети во последен момент.
Борис Џонсон ја запознал својата прва сопруга Алегра Мостин-Овен додека студирал на Оксфорд. Тие се венчале во 1987 година, но нивниот брак завршил во 1993 година. Истата година, Борис се оженил со Марина Вилер, пријателка што ја запознал како дете. Тие се развеле во 2018 година, а вод бракот имаат четири деца.
Борис има и петто дете, Стефани Мекинтајр, од вонбрачна афера со уметнички консултант Хелен Мекинтајр. Неговите љубовни врски со американската претприемачка Џенифер Аркури и новинарката Петронела Вајат беа споменати и во медиумите.
Кери Симондс некогаш беше директорка за комуникации на британската конзервативна партија, а со Борис се заедно од 2019 година. Таа се приклучила на одделот за медиуми во 2009 година, прво како советник, а потоа во пресрет на изборите во 2015 година и како шеф на одделот за електронски медиуми. Таа работела во изборниот штаб на Борис, кој во 2012 година му обезбедил реизбор за градоначалник на Лондон.
]]>


