Во текот на вчерашниот ден (02.07.2021) спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 119 возачи, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што се наведува во соопштението засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порачаа од МВР.
]]>


