




-Оваа година ни пристигнаа голем број на предлози, кој се, треба да добие признание за својата работа во оваа област. И навистина беше многу тешко да се направи изборот, посебно во година во која се донесени голем број на мерки за поддршка на земјоделството. Затоа, нема да штедиме на убави зборови и признанија за оние кои тоа навистина го заслужиле, за да добијат поттик уште повеќе да се вклучат во земјоделството и тоа да им биде приоритена гранка и пристојна егзистенција. Признанија ќе добијат успешни земјоделски производители, реномирани компании и стопанственици. Современото земјоделско производство е целта кон која се движиме, а тоа може да се постигне со ангажирање на сите чинители во овој процес, земјоделците, институциите и науката. Затоа особена чест ни претставува што трета година по ред ќе бидеме заедно на едно место, разговарајќи на земјоделски теми и дружејќи се – изјави Билјана Петровиќ, претседателка на ЗЗ „Современо земјоделство“.

Годинава „ Изборот на најуспешни во земјоделството“ финансиски е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а со медимска и организациска поддршка од земјоделската платформа „Агротим“.

Манифестацијата ќе се одржи на 6 септември, понеделник во Ресторан СН Битола, со почеток во 16 часот. Настанот ќе започне со презентација на домашни земјоделски производи, механизација и промоција на земјоделскиот сектор. Во 17 часот е официјалниот дел и доделувањето на признанијата на најуспешните земјоделци, агробизнисмени и компании за 2021 година.

Извор: Агротим.мк
]]>


