Зоран Милески-Кичеец излегол од затвор со медицинска документација

Зоран Милевски-Кичеец, кој е осуден на затворска казна, а викендов беше еден од учесниците во сообраќајката кај Стража, бил пуштен надвор со медицинска документација. Не се знае зошто тој патувал кон Скопје и кои се двајцата негови сопатници од Република Србија. 

„Разговарав со директорот за санкции Маријан Спасовски и ми ги кажа сите детали и верувам дека и тие ќе објават детали коишто се соопштени, се официјални. Секој издржувач на казна затвор по издржувањето на казната има соодветни права. Овде се работи за комплетирана медицинска документација од здравствени причини која му следува секако на секое лице коешто издржува казни за да може да ги користи посебно со овие аргументации коишто се со соодветни потписи на соодветни лекари“, изјави денеска премиерот Зоран Заев. 

Тој не знае зошто Милевски патувал кон Скопје и зошто со тие луѓе. „Со здравствена документација може да се оди до болница, може се оди во главниот град со какви било причини, но дефинитивно тоа е согласно закон, тоа е право кое што му следува на секој издржувач на казна“, рече Заев. 

Ова не е ниту прв ниту последен затвореник кој ги користи овие погодности врз база на оправдана медицинска документација согласно законот, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во врска со прекинот на затворската казна на Зоран Милевски-Кичеец. И Маричиќ потврдува дека врз база на медицинска документација затвореникот добил 30-дневен прекин на издржување на казната со цел да ги заврши тие медицински работи и потоа да се врати на издржување. 

Согласно законот, ваквата поволност се користи со претходно одобрение и на директорот на затворот каде што ја издржува казната и на директорот на Управата за санкции коишто се надлежни и даваат вакви допусти за прекин на издржување на казната. 

Извор: Дојче Веле

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести