Пожар во ковид центарот во Тетово, неофицијално има повредени лица

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва итно се упати за Тетово каде што доцна вечерва избувна пожар во Ковид центарот.

-Во моментов се движам накај Тетово каде, за жал, има пожар во Ковид центарот. Во најскоро време по увидот на состојбата ќе споделиме официјални информации што точно се случува. Апелирам за смиреност додека ги чекаме деталите за несреќата, напиша Филипче на Твитер.

Неколку противпожарни екипи се на терен, се обидуваат да го стават под контрола.

Видеото што го сними екипата на ТВ 21 погледнете го на следниот линк.

]]>

Најчитани вести