Формиран Кризен штаб за пожарот во модуларната болница во Тетово

Поради пожарот во тетовскиот Ковид центар формиран е кризен штаб предводен од премиерот Зоран Заев, во кој се и Артан Груби, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Оливер Спасовски, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Теута Арифи.

Министерот за здравство Венко Филипче на Твитер напиша дека досега има потврдени 10 жртви, но бројката може да расте.

Во секој момент се очекува да бидат соопштени детали за пожарот.

Пожарот избувнал околу 21 часот. Интервенирале преку 30 пожарникари со седум возила по што е целосно изгаснат.

MИА

]]>

Најчитани вести