
Увид на местото на трагичниот настан вршат тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство од Скопје. На местото на настанот беше и јавниот обвинител на Република Северна Македонија кој присуствуваше и на работата на Кризниот штаб, информираат утрово од ОЈО.
Издадена е наредба за обезбедување на снимките од видеонадзорот во и околу објектот, сослушани се вработените, а со увидот ќе се продолжи и во текот на денешниот ден.

Како што соопштија од ОЈО издадена е наредба за обдукција на телата на 14 починати во пожарот, а за некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. Се испитува и дали има и други настрадани во пожарот, а
меѓу починатите нема медицински персонал.


