Министерот Филипче прв на прес конференција со информации за пожарот во Тетово

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска одржа прва прес конференција по вчерашната трагедија што се случи во Тетово. Во несреќата животот го загубија 14 лица, а 12 лица се извлечени живи од оганот што го зафатил тетовскиот ковид центар.

-Дозволете да се извинам што после трагичниот настан излегуваме доцна со информации. Причина беше што сакаме да ги собереме сите релеванти информации во повеќе аспекти. Ова е тажен ден за нашата земја, изразувам најдлабоко сочуство. Длабоко ме потресе она што се случи. Се уште трае истрагата и замолувам да имаме трпение. На денешната владина седница донесовме одлука да се вклучат експерти од странство. Од одговорност никој нема да биде изземен, доколку истрагата тоа го утврди. Во Ковид центарот биле хоспитализни 26 пациенти, двајца лекари, 4 медицински сестри. 12 пациенти во моментов се во стабилна здравствена состојба. Нема повредени ниту починати од медицинскиот персонал. Телата на 14 пациенти се предадени на судска медицина. Починатите се на возраст од 29 до 79 години. Ќе се прават анализи на ДНК, рече Филипче.

-Во однос на тоа дали меѓу загинатите има роднини на пациентите, тука има шпекулации и затоа ќе се прави ДНК анализа. Би сакал во овој дел да бидеме многу прецизни. Ние во секој момент обезбедуваме кадар. За тоа дали роднини на пациентите биле таму за да им помагаат на своите блиски, ќе покаже истрагата. А, од мое лично искуство знам дека е тешко да се изменаџираат посетите кога имате некој близок во болница. Посетите во Ковид центрите се апсолутно забранети, а за тоа што се случувало ќе видиме од наодот. Ќе инсистирам на точна проверка на целата ситуација, рече Филипче.

Што се однесува до повиците за негова оставка, Филипче рече дека тоа нема да се случи додека не заврши истрагата.

-Не бегам од одговорност, ниту ќе бегам, но одлуката за тоа дали ќе поднесам оставка, ќе ја донесам по завршувањето на истрагата, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести