„Најдоброто за мојата општина“, доктор Александар Мишев, актуелниот и иден градоначалник Сашко Николов и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Николовски посочи дека СДСМ како одговорна партија, изминатите четири години покажа како треба да се развива една општина, економски, инфраструктурно и социјално, со градоначалник во служба на граѓаните, градоначалник кој комуницира и му служи на народот.

„После 40 години се градат експресни патишта низ целиот Истиот, низ целата трета изборна единица. Нема регионален пат којшто не е реконструиран и нема нов асфалт после 40 години во целиот регион. Инвестиравме во локални патишта. Платите како никогаш растат, а знаеме како беше 11 години наназад. Ја држеа минималната плата на мизерни 8.000 денари. Ги кратиме привилегиите на функционерите затоа што ние не сме во политиката заради моќ и привилегии, туку за платата што ја земаме да бидеме сервис на граѓаните и да одработиме за граѓаните“, порача Николовски и додаде дека штипјани ја препознаваат самопрегорната и посветена работа на градоначалникот, знаат дека Штип напредува како никогаш досега и затоа без двоумење на 17 октомври во огромен број ќе гласаат за Сашко Николов и листата предводена од Александар Мишев.

Заедно со носителот на листата „Најдоброто за мојата општина“, доктор Александар Мишев, актуелниот и иден градоначалник Сашко Николов и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, посетија повеќе домаќинства во градот под Исарот и одржаа средби со граѓани. По остварените средби со граѓаните на Штип, генералниот секретар Николовски, заедно со кандидатите и министерот остварија средба со штипската младина. Младите изразија големо задоволство од политиките на СДСМ.


