Австралискиот новинар Пол Сакал е еден од оние кои внимателно ги следат настаните околу Новак Ѓоковиќ и неговото влегување во Австралија, постапка што сега за сега е стопирана.
Пред неколку минути тој се огласи на својот профил на Твитер и објави дека се уште трае распитот на Ѓоковиќ.
„Сега е 5.30 часот наутро, шест часа откако Новак Ѓоковиќ слета во Мелбурн, а се уште е во соба на аеродромот на распит. Во моментот службите ги „чешлаат“ документите поврзани со неговото барање за ослободување од вакцинација. Мојот извор пренесува дека колку е подолг процесот, толку помали се шансите да му биде дозволен влез во земјата – напиша Сакал на Твитер и разочара многу фанови на Ѓоковиќ.