Ѓоковиќ доби „друштво“ во хотелот: Уште една невакцинирана тенисерка во Австралија

Австралиските гранични служби ѝ ја укинаа визата и на чешката тенисерка Рената Ворачова. Таа сега ќе биде подложена на истата процедура како Новак Ѓоковиќ и ќе биде префрлена во хотелот за мигранти.

https://twitter.com/ThuyOng/status/1479393436570583040

Чешката тенисерка на крајот на декември, со исти документи како и Новак Ѓоковиќ, влегла во Австралија без никакви проблеми, а сега ѝ е укината визата. Таа веќе одигра подготвителен турнир во Мелбурн за Австралија опен, но по приведувањето на Новак, полицијата почнала да ги „чешла“ документите и на останатите тенисери и да истражува нови случаи слични на Ѓоковиќ.

]]>

Најчитани вести