И покрај одлуката на судот, последниот збор го има министерот Хок

Федералниот суд на Викторија ја прифати жалбата на Новак Ѓоковиќ, му ја врати визата и го ослободи, што значи дека најдобриот светски тенисер може да се натпреварува на Австралија Опен.

Но, сè уште не е сè готово. Австралиските власти се уште се против, а последниот збор го има министерот за имиграција на Австралија, Алекс Хок.

Според нивниот закон, зборот на министерот е пред сè, дури и пред одлуката на судот на државата Викторија, кој одлучил во корист на Ѓоковиќ.

Министерот за имиграција има апсолутна моќ и може да ја поништи секоја одлука, дури и онаа донесена од одредена сојузна држава.

Доколку Хок нареди Ѓоковиќ да ја напушти земјата, српскиот тенисер ќе мора да го стори тоа, без разлика на позитивниот исход од судењето.

]]>

Најчитани вести