Големата драма се случува во Мелбурн, каде имиграционата служба се уште има намера да го депортира најдобриот тенисер на светот, и покрај судската одлука за враќање на визата.
Имиграциската служба сака да го протера Новак од земјата и покрај одлуката на судот, која беше позитивна за Ѓоковиќ, врз основа на фактот дека судијата Ентони Кели посочи дека тенисерот ги следел сите упатства и дека официјалните лица не му дале соодветни информации навреме.
Братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорге Ѓоковиќ, потврди дека тенисерот повторно е уапсен. Како што вели тој, во моментот тенисерот се консултира со неговите адвокати и размислува за опциите.
Сепак и оваа еизвесто не може долго да трае, бидејќи, министерот за имиграција има 4 часа да одлучи, дали повторно ќе му ја поништи визата на Ѓоковиќ, што судот одлучи дека неосновано му е одземена и му ја врати.