Ѓоковиќ е слободен човек во Австралија, веќе тренира, сега ќе освои уште 10 „Грен Слем“, порача татко му

Семејството на Ѓоковиќ штотуку одржа прес конференција и соопшти дека Новак Ѓоковиќ е слободен човек и веќе тренира во Австралија.

Неговиот татко, Срѓан Ѓоковиќ, рече дека „тие не знаат што му направија, тој сега е подготвен да освои уште 10 Грен слем титули“.

Семејството на Ѓоковиќ се заблагодарија до сите граѓани кои му дадоа поддршка, како и до правниот систем во Австралија, особено до судиите, кои и покрај целиот притисок, пресудиле како што верувале дека треба, во корист на тенисерот, кој во Австралија отиде да игра тенис.

]]>

Најчитани вести