Ѓоковиќ го прекина молкот: Се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите

Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалната мрежа Твитер со фотографија од тениски терен.

Тој се заблагодари за поддршката што му помогнала да помине низ сето тоа што му се случи во Австралија и го охрабрила да остане силен.

„Задоволен сум и благодарен што судијата ја поништи одлуката за одземањето на визата. И покрај се што се случи, сакам да останам и да се обидам да се натпреварувам на Австралија Опен. Останувам фокусиран на тоа. Долетав овде за да играм на еден од најважните настани што ги имаме пред неверојатните навивачи – напиша Ѓоковиќ.

https://twitter.com/DjokerNole/status/1480529173789696001
]]>

Најчитани вести