211 километри на час на автопатот Куманово-Скопје-Велес, изречени 95 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се изречени 95 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

„Денеска (19.01.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 95 возачи. Од нив, 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“, се наведува во соопштението.

Според фотографиите фатени се двајца возачи кои возеле над 200 километри на час.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порачуваат од МВР.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести