Фудбалер на „Арсенал“ под истрага поради „жолт картон“

Фудбалер oд „Арсенал“ е под истрага поради „жолт картон“ соопшти
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА). Играчот е под истрага поради жолтиот картон што го добил на почетокот на оваа сезона.

Истрагата доаѓа откако обложувалниците претходно во текот на оваа сезона ја предупредиле Фудбалската асоцијација дека големата сума на пари е уплатена за на коефициентот што за да биде добитен фудбалерот на лондонскиот клуб треба да добие жолт картон на еден натпревар.

Веста прв ја објави „The Athletic“, додека „Скај“ наведува дека ФА ги информирала дека е запознаена со ситуацијата и дека ја истражуваат.

Од „The Athletic“ соопштија дека го знаат идентитетот на играчот, но заради почитување на приватноста нема да го откријат.

Арсенал одби да ги коментира овие наводи.

]]>

Најчитани вести