Интер се засили со Госенс од Аталанта

Актуелниот италијански фудбалски првак Интер ги засили своите редови со крилниот играч на Аталанта, Робин Госенс (27).

Како што јавија денеска италијанските медиуми, Госенс доаѓа во Милано како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, а Интер има обврска потоа да го откупи неговиот договор со клубот од Бергамо.

Се проценува дека вредноста на трансферот е меѓу 25 и 27 милиони евра, а Госенс ќе има годишна плата од три милиони евра.

Госенс во Аталанта дојде од холандски Хераклес во 2017 година за само еден милион евра.

MИА

]]>

Најчитани вести