На територијата на СВР Битола денеска од 10 до 14 часот санкционирани се 39 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.
Како што соопшти МВР, 15 санкции се изречени на територија на Битола, 12 санкции на територија на Ресен, по четири на територијата на Прилеп и Македонски Брод, по две санкции на територија на Крушево и Демир Хисар.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението.
МИА
]]>


