Претреси се извршени на 13 локации за кои полицијата се сомнева дека биле користени за организирање улични напади, при што се уапсени две лица, а запленети биле и безбол палки и пиротехнички средства.
Полициската акција уследи откако во понеделникот вечер почина 19-годишниот Акис Камбанос, кој беше брутално претепан и избоден со нож на улица во Солун. Под сомнение дека го извршил убиството подоцна беше приведено 23-годишно момче.
Локалните медиуми јавија дека Камбанис бил навивач на Арис, а во инцидентот се повредени уште две момчиња, на возраст од 19 и 20 години.
Полицијата соопшти дека нападот го извршиле навивачи на ПАОК.
Убиството во градот во кој владее жестоко ривалство меѓу навивачките групи на локалните екипи ПАОК и Арис ја шокираше земјата и предизвика остра осуда од државниот врв и политичарите.
– Како можеме да дозволиме нашите улици, паркови и плоштади да бидат места на насилство меѓу ривалски банди, загрозувајќи ја притоа безбедноста на нашите граѓани?, напиша грчката претседателка Катерина Сакеларополу на социјалните мрежи.
МИА
]]>


