Рускиот претседател Владимир Путин е суспендиран и тој повеќе нема да биде почесен претседател на Меѓународната џудо федерација.
Како причина за оваа одлука регулаторното тело на федерацијата ја наведе инвазијата на руските сили на Украина.
Путин е голем љубител на овој спорт со кој се занимава од својата 11-та година. Во 2012 година, тој доби црн појас, осми дан, во џудо и стана првиот Русин што го достигнал овој престижен статус.
Покрај тоа, тој е коавтор на две книги „Џудо со Владимир Путин“ и „Џудо: историја, теорија, пракса“.
Претходно Светската џудо федерација го откажа Грен слем турнирот во Казањ, кој требаше да се одржи од 20 до 22 мај.
]]>


