Во еден момент беше објавено дека е измерено покачено ниво на радиоактивност, но тоа подоцна беше демантирано, а од електраната известија дека нивото на радијација е во нормални граници.
„По гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје од страна на руските сили, избувна пожар“, изјави портпаролот Андреј Туз во видео објавено на социјалната мрежа Телеграм, пренесува „France Presse“.
„Пожарникарите не можеа да пристапат до пожарот и да го изгаснат огнот. Бомбите паѓаат насекаде. Нуклеарната електрана е погодена. Прекинете го огнот!“, додаде тој во друго видео.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба преку Твитер повика на прекин на огнот.
„Ако експлодира, ќе биде десет пати полошо од Чернобил! Русите мора ВЕДНАШ да го прекинат огнот, да ги пуштат пожарникарите и да дозволат да се формира безбедносна зона“, напиша тој.
Претходно, вчера, Украина ја извести Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека руските тенкови и пешадијата се наоѓаат во близина на градот Енергодар, на неколку километри од нуклеарната централа Запорожје.
Оваа електрана е изградена во 1985 година за време на советската ера, има шест реактори и обезбедува голем дел од електричната енергија во земјата.
Во изјавата објавена во четвртокот, генералниот директор на МААЕ, Рафаел Мариано Гроси повика на итен прекин на нападите во Енергодар и во близина на електраната.
]]>


