Шпанскиот фудбалски гигант Барселона доби нов спонзор, а договорот ќе биде со важност до 2025 година.
Од следната сезона, на местото на сега веќе поранешниот спонзор „Ракутен“, предниот дел на дресовите на Барса ќе го краси натписот „Спотифај“, односно логото на познатиот шведски сервис за слушање музика, објавија странските медиуми.
Исто така, стадионот Камп Ноу ќе го носи името на шведскиот спонзор, односно ќе се вика „Спотифај Камп Ноу“.
Сумата што Барселона ќе ја добива од „Спотифај“ не е наведена, но се верува дека е околу 50 или 60 милиони евра годишно. Договорот започнува од 1 јули 2022 година.
Барселона има големи планови за следното лето кога сака да доведе неколку врвни играчи и да го засили тимот, а во последно време најчесто се споменува името Ерлинг Халанд.