Фоторепортажа од пеколот: Ова веќе не е Мариупол, улиците се полни со трупови, сè е срамнето со земја

Украинскиот град Мариупол е на работ на колапс. Руските сили бомбардираа уметничко училиште во кое биле засолнети околу 400 луѓе. Градските власти соопштија дека агресорските трупи насилно депортирале неколку илјади жители во Русија.

„Окупаторите незаконски однеле луѓе од областа Ливобережни и од засолништето во зградата на спортскиот клуб. Повеќе од илјада луѓе, главно жени и деца таму се криeja од постојаното бомбардирање“, објавија тие.

Фото: АФП

На улиците во Мариупол продолжуваат интензивните улични тепачки. Стотици цивили останале заробени под урнатините по бомбардирањето на градскиот театар и се уште чекаат да бидат спасени. Снабдувањето со храна на окупираниот град е невозможно, а на жителите им се заканува невидена хуманитарна катастрофа.

Фото: АФП

Игор Станиславович, лекар од Мариупол, пред три дена успеал да го напушти градот и да дојде во Лавов.

Фото: АФП

„Беше многу тешко да се излезе бидејќи руската страна ги нападна официјално најавените зелени коридори. Две недели не знаевме ништо за ништо. Нема интернет нуту мобилна врска. Во автомобилот имавме некакво радио со среден бран, една станица. Колку лаги слушнавме за пет минути на руското радио, не сме слушнале цел живот. По улиците насекаде можат да се видат тела на починати кои никој не ги зема, само лежат таму. Една од најголемите болници во градот е уништена, три сè уште работат, но во моментов нема доволно персонал да им помогне на луѓето во Мариупол, изјави тој за „ХРТ“.

„Ова повеќе не е Мариупол, ова е пеколoт“, изјавила Тамара Кавуненко (58). „Улиците се полни со цивилни тела“.
Фото: Агенција Анадолија/АФП
Фото: АФП
Фото: АФП
Автомобили со деца. Фото: АФП
Фото: АФП
Фото: АФП
ФОТО: АФП
Проруски сепаратист контролира жител на контролна точка. Фото: АФП
ФОТО: АФП

Фото: АФП

Фото: АФП

Фото: АФП

Фото: АФП

Фото: АФП

Фото: АФП
Цивили се кријат во подруми. Фото: АФП
]]>

Најчитани вести