Навални прогласен за виновен за измама од особено големи размери

Судот во Москва денеска го прогласи опозицискиот лидер Алексеј Навални за виновен за измама од особено големи размери, пренесе МИА.

Судијката Маргарита Котова во пресудата наведе дека Навални „извршил измама, односно кражба на туѓ имот со измама и повреда на довербата“.

Според пресудата, судот ја утврдил вината на Навални за сите четири точки од обвинението за „измама од особено големи размери“.

Тој е обвинет и за непочитување на судот, а пресудата за ова обвинение, како и казните за Навални, ќе бидат изречени подоцна.

Пресудата на Навални беше објавена на сослушувањето во поправната колонија број 2 во градот Покров во Владимирската област.

Руските обвинители бараат Навални да биде префрлен во казнена колонија со максимална безбедносна мерка во траење од 13 години со обвинение за проневера и непочитување на судот.

Навални веќе отслужува казна од две и пол години во затворски логор источно од Москва поради прекршување на условите на неговата условна казна, обвинувања за кои тој тврди дека биле измислени за да ги спречат неговите политички амбиции.

]]>