Роберто Манчини ќе остане селектор на италијанската фудбалска репрезентација и покрај тоа што Италија беше елиминирана во баражот за Светското првенство во Катар, пренесуваат бројни италијански медиуми.
Манчини го продолжи договорот до 2026 година само неколку недели пред „азурите“ да го освојат Европското првенство минатото лето.
Претседателот на Италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравија по поразот од Северна Македонија во четвртокот изјави дека нема да го отпушти Манчини.
Тој ќе остане селектор на репрезентацијата, тврдат италијанските спортски весници „Ла Газета дело спорт“ и „Ил Кориере дело спорт“.
Манчини наводно одлучил да не поднесува оставка и дека утрешниот натпревар против турската репрезентација не треба да биде негов последен на клупата на Италија.
Селекторот денеска пред натпреварот ќе одржи прес-конференција и најверојатно ќе потврди дека на клупата ќе остане до 2026 година.
]]>


