Фудбалската федерација на Португалија за секој навивач што ќе го гледа утрешниот фудбалско натпревар со Северна Македонија подготви по едно португалско знаме.
Огранизаторот на натпреварот ги брои часовите до отворањето на вратите на Драгао, а билетите беа распродадени за само неколку часа. Овој натпревар победникот го носи на Светско првенство во Катар.
Но, покрај Португалците, согласно правилата на УЕФА, за македонските навивачи се предвидени пет отсто од вкупниот капацитет од 50.000 седишта на стадионот „Драгао“, што значи дека избраниците не селекторот Благоја Милевски можат да имаат максимална поддршка од трибините од 2.500 навивачи.
]]>


