Светскиот првак во кик бокс загинал бранејќи го Мариуопол

Тажна вест пристигна од Украина, која веќе повеќе од еден месец е под руска инвазија.

Светскиот шампион во кик-бокс Максим Кагал, кој имаше само 30 години, загинал во една од борбите за Мариупол.

-За жал, војната го зема најдоброто. Максим Кагал загина на 25 март додека го бранеше градот Мариупол како дел од специјалната единица Азов, изјави неговиот тренер Олег Скирта.

https://twitter.com/odatv/status/1508459706351771648

Кагал го освои Светското првенство во кик бокс пред осум години. Тој го замени рингот со украинското бојно поле кога започна руската инвазија.

]]>

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести