Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 235 возачи.
Како што соопштија денеска од МВР, од нив 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 143 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
МИА
]]>


