Авион безбедно слетал на аеродромот во Атина, откако добиле закана за бомба

Поради закана за поставена бомба, авион што полетал од Полска, безбедно слетал на аеродромот „Елефтериос Венизелос“ во Атина.

Во авионот на Рајанер имало повеќе од 150 патници, јави грчката државна агенција АМНА.

Откако пристигнала заканата, како што изјави Пјотр Адамчик, менаџер за односи со јавноста на аеродромот во Катовице, додека авионот летал над Словачка, два авиони Ф-16 го придружувале летот. Авионот полетал од Катовице за Атина, а добил придружба при навлегувањето во грчкиот воздушен простор од Северна Македонија, пренесе АФП, цитирајќи официјален претставник кој додполнил дека Боингот 737 претходно бил придружуван од унгарски воени авиони.

Авионот слетал на аеродромот во 17:40 часот по локално време.

Специјални тимови ја проверуваат внатрешноста на авионот, багажот и патниците за да се утврди реалната состојба.

Најчитани вести