Силен ветер превртел клупа и дете кое седело на неа

Момче (11) е повредено денеска при снежното невреме што го зафати Сплит.

Додека седело на клупата за резервни играчи, во еден момент ненадеен и силен удар на бура ја превртел клупата, заедно со момчето кое седело на неа, пишува Слободна Далмација.

Момчето останало да лежи, но било при свест.

Веднаш била повикана Брза помош и пожарникари, кои брзо пристигнале на игралиштето и го однеле во болница.

Извор: blic.rs

Најчитани вести