Српскиот пратеник кој гледаше порно филм на мобилниот, за време на Седница, си поднесе оставка

Српскиот пратеник Звонимир Стевиќ (66) поднесе оставка од функцијата откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тој гледа порно филм за време на седницата за Косово во српскиот парламент.

Ова за Блиц го потврди и самиот Стевиќ.

-Пред половина час поднесов оставка од функцијата. Не можам повеќе да зборувам, јавете ми се пак за два часа – кратко изјавил Стевиќ.

Како што објави Блиц, на таквиот „морален чин“, го натерал партискиот лидер Ивица Дачиќ.

– Според сознанијата на „Блиц“, веднаш откако утринава во јавноста се појавила снимката на Стевиќ, кој инаку е роден на Косово, или барем така му е наведено во документите, веднаш бил закажан состанок на пратеничкиот клуб на Социјалистичката партија на Србија, на кој дошол и Дачиќ – пишува „Блиц“.

Дачиќ, наводно, кажал дека многу нешта поминал низ годините, но оти досега на доживеал некој да гледа порно филм.

-Ова е скандал и голема катастрофа. Звонко, реално е да поднесеш оставка. Не може веќе да бидеш пратеник зашто ти со ова и не можеш да се носиш. Освен тоа, каде и да се појавиш, што и да кажеш, секогаш ќе биде: „кажал порно пратеник“ – потенцирал Дачиќ.

Дачиќ го прашал својот сопартиец од каде воопшто му дошла идејата да гледа порнографски содржини во парламентот

Стевиќ беше член на собраниската Комисија за Косово и Метохија, како и заменик член на Комисијата за уставни прашања и законодавство и заменик член на Комисијата за административно-буџетски и мандатно-имунитетни прашања.

Во исто време, тој е претседател на покраинскиот комитет на социјалистите за Косово и Метохија, со престој во Приштина.

Најчитани вести