Тричлено семејство 73 часа било во урнатините, ивлечени се живи и здрави, млад човек додека ги чекал спасувачите на ѕидот напишал „Не губи надеж“

На местото на поранешната седумкатна зграда Гоџа 2 во областа Оникшиубат во Кахараманмарас, спасувачките тимови ја извлекле брачната двојка Багис и нивната петгодишна ќерка од под урнатините, пишува порталот „dokuz8haber“.

По 73 часа од земјотресот, семејството е извлечено од урнатините, нешто што предизвика голема радост пмеѓу присутните.

Во понеделникот науто Турција беше погодена од два силни земјотреси кои зад себе оставија вистински пустош. Според официјалните податоци на Турција, во понеделникот во земјотресот загинале повеќе од 15.000 граѓани, а повеќе од 53.000 се повредени.

Исто така, 76 часа по земјотресот, две лица чии имиња не се соопштуваат се пронајдени живи. Имено, тие се откриени по уривањето на четиринаесеткатница во квартот Газиантел Батикент. Повредените со возило на Брза помош биле пренесени во болница.

По 72 часа спасувачите го пронашле Хасан Јуча (79) во урнатините на трикатница во квартот Антаки во Хатај, кој исто така веднаш бил пренесен во амбулантно возило. На спасувачите им рекол дека преживеал на студеното време бидејќи ги завиткал голите нозе во крпа што случајно се нашла кај него. Ја споменал и локацијата во урнатините каде се уште се наоѓа неговиот внук.

Исто така, по 64 часа потрага, жив е пронајден младиот Доган Акек при уривање на станбена зграда во Мараш. Додека ги чекал спасувачите, на ѕидот успеал да напише „Не губи надеж“.

Најчитани вести