Страшна снимка од земјотрес: Земјата се тресе, автомобилите отскокнуваатснимк

На социјалните мрежи кружат видеа пред, после и за време на разорните земјотреси што ја погодија јужна Турција и северозападна Сирија.

Имаше и видео од силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил во Кахраманмарас.

На видеото се гледа како се тресе тлото на градот, се движи асфалтот, а автомобилите скокаат.

Да потсетиме дека бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 21.700, додека повеќе од 75.000 луѓе беа повредени.

Извор: centar.mk

Најнови вести

Најново од Балкан