Заев на Фејсбук: Јане, ти благодарам, со твојата позитивна енергија си инспирација за многу луѓе

Имаме обврска да работиме за секое дете да биде среќно, да расте безгрижно, да се движи независно. Младиот Јане Велковски е пример дека со заедничка соработка и поддршка од семејството, државата и јавноста, можат да се изнајдат начини за вистински да им се олесни животот на луѓето со ретки болести.

За мене Јане е симбол за мотивација и храброст и тоа го докажал многупати. Неговата приказна преку обраќањето во Обединетите Нации, преку глобалните кампањи и преку ова ТЕД видео ја слушна и светот.

Јане, ти благодарам што со твојата позитивна енергија си инспирација за многу луѓе и се надевам на повторна дружба 🙂

-Фејсбук статус на поранешниот премиер, Зоран Заев

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести