Информацијата ја потврди и советникот на украинскиот претседател Зеленски: „По жестока битка ја изгубивме контрола над Чернобил. Состојбата на нуклеарната централа и складирањето на нуклеарниот отпад е непозната“,
Хана Љубакова, новинарка од Белорусија, на Твитер објави дека руските сили ја презеле нуклеарната централа Чернобил. „Во електраната се заробени работници“, пишува Љубакова.
Истата информација ја објави Кристо Грозев, наградуван истражувачки новинар и извршен директор на „Bellingcat“, истражувачка веб-страница.
Претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека руските сили ја нападнале областа Чернобил.
„Руските окупациски сили се обидуваат да ја освојат нуклеарната централа Чернобил. Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. За ова го информирав шведскиот премиер. Ова е објава на војна на цела Европа – напиша Зеленски на Твитер.
]]>


