Зеленски им порача на европските претставници: „Ова е можеби последен пат да ме гледате жив“

Украинскиот претседател Владимир Зеленски, во разговор со европските лидери во синоќашните разговори, наводно, им рекол дека „ова можеби е последен пат да ме гледате жив“.

Европски дипломати за медиумите изјавија дека Зеленски во разговорите го повторил своето барање за проширување на мерките против Русија со цел да се спречи нејзината инвазија и да се воведат нови и посилни санкции.

Италијанскиот премиер Марио Драги, кој присуствувал на конференцискиот повик, им кажа на своите пратеници дека Зеленски моментално се крие на непозната локација.

„Требаше да се слушнеме и телефонски, но тој веќе не е достапен“, изјавил Драги.

Шведскиот премиер им потврди на новинарите на шведската национална новинска агенција дека Зеленски рекол дека можеби ова им е последен пат да го видат жив.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести