„Побелел“ од мака: Вака сега изгледа Роман Абрамович

Откако Русија ја започна инвазијата на Украина, последиците најмногу ги почувствуваа Украинците. Санкциите што дојдоа како одговор пак, ги почувствуваа голем број руски олигарси, меѓу кои и најмногу спомнуваниот во јавноста заради неговата светска популарност, рускиот милијардер Роман Абрамович. Иако често се споменува неговото име во медиумите, ретко кој го видел во јавност во последниве денови.

Откако почна војната во Украина, тој се огласи дури кога реши да го продаде Челзи, а пота британската влада го спречи во тоа.

Платформата „Некста“ на Твитер ги објави најновите фотографии од Абрамович кој е „фатен“ на аеродром. Може да се каже дека целиот е „побелен“ од мака. Камерите го фатиле на аеродромот во Тел Авив, каде според „Скај Спортс“ чекал лет за Москва.

https://twitter.com/nexta_tv/status/1503571589379629057

Велика Британија неодамна го замрзна целиот негов имот, а вредноста на неговите замрзнати средства во земјите кои ѝ воведоа санкции на Русија се проценува на 3,5 милијарди евра.

Пред неколку дена, Европската унија го стави Абрамович на листата на санкционирани руски милијардери по руската инвазија на Украина во обид да го принуди рускиот претседател Владимир Путин да ги промени своите постапки кон Украина.

]]>

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести