Од почетокот на инвазијата, многу светски медиуми пишуваа за животот на рускиот претседател, а на ред дојде и официјалниот Твитер профил на Владимир Путин кој „следи“ 22 лица.
Интересно е тоа што во „избраното друштво“ се и луѓе кои не го поддржуваат Путин, какви што се генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, милијардерот и основач на „Тесла“ Илон Маск и британскиот премиер Борис Џонсон.

На списокот се и медиумските платформи РТ и Спутник, како и руското Министерство за надворешни работи, поранешниот американски претседател Барак Обама, како и поранешниот канадски премиер Стивен Харпер. Путин го следи и својот колега и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев.
„Повеќето луѓе не веруваат дека тој „троши“ време на интернет, или ако го прави тоа, тоа е многу, многу малку време“, вели Вилијам Парлет, вонреден професор на Универзитетот во Мелбурн. Тој додаде дека: „Проблемот со инвазијата на Украина е што Путин бил толку изолиран од информациите што верувал дека инвазијата ќе заврши за два до три дена, а веќе влегуваме во четвртата недела“.
]]>


